Македонија
16. January 2022 - 14:44

Сајкоски: Предложената влада е лош експеримент на Заев

Наместо нова влада гледаме предлог за влада во која ништо не е ново, влада со стари кадри која ќе ги споделува истите вредности со претходната влада која ни донесе порази за државата, не направи најкорумпирана држава во Европа, изјави пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски на денешната собраниска седница на која се дискутира за нова влада, при што потенцираше дека станува збор за континуитет на истата влада која донесе сиромаштија, зголемени цени, пустош во енергетиката и застој во економијата.

- Предложената влада е само лош експеримент на претходниот  премиер кој со оваа влада сака да го продолжи континуитетот на неработа, криминал.  Треба да ставиме крај на политичките експерименти, и мора да бидеме свесни дека Македонија нема време за ваков и на експеримент, народот не заслужува да живее во правна несигурност, корумпирана држава и во сиромаштија.  Програмата која е доставена се истите материјали кои веќе 5 години им стојат на хартија и не се реализирани, рече Сајкоски.

Сајкоски истакна дека оваа влада нема легитимитет од граѓаните, кои не даваат поддршка на влада која донесе најмногу разочарување во изминативе 30 години, граѓаните ја казнија оваа влада кој живот донесе само за мал луѓе блиски до врвот.

- Владата на Заев сега добива ново продолжение во Димитар Ковачевски со старите министри. Ковачевски е лик кој го донесе и промовираше поранешниот премиер, и тој ќе одговара пред него, а не пред пратениците. Ковачевски беше дел од минатата влада како заменик министер за финансии кој кажуваше не на сите добри амандмани и кажуваше не за најзначајните работи за енергетиката и најзначајниот проект за отворање на нов рудник за јаглен. Како да веруваме дека ќе работи и ќе отвора нов енергетски капацитети и ќе има подобри денови? – прашува Сајкоски.

Тој нагласи дека во оваа влада Ковачевски нема еден негов предлог, сите предлози се претходно договорени, а тој е повикан  само да ја води и ќе биде диригиран директно од Струмица.

- Ковачевски се нафатил да биде пиун и послушник на претходниот премиер.  Во предлогот за влада го имаме Оливер Спасовски во чие време Македонија е најкорумпирана држава во Европа.  Судството ни е корумпирано, а поранешниот министер за правда, ќе биде министер и во оваа влада. Во инфраструктурата нема изградено ниту еден километар, а останува истиот министер за транспорт и врски. Ниту еден проект не ви е ниту отпочнат ниту завршен. Ниту патишта, ниту пругата Кичево – Лин нема ништо. Оваа влада е осудена на неуспех уште од сам почеток, и Ковачевски нека се охрабри да излезе на избори, изјави Сајкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ