Живот
22. April 2019 - 12:15

Сахарската прашина пристигна на Балканот- еве кога доаѓа во Македонија

Сахарска прашина овој викенд ја зафати западна Европа и западниот Медитеран од каде ќе продолжи кон север. Во моментот е над Франција и Шпанија.

Прашината во Европа доаѓа од Алжир.

Голем облак прашина пристигна и во Хрватска, пренесува регионалната телевизија Н1.

Како што пренесуваат српските медиуми, се очекува прашината да дојде и во Србија, во вторник и среда, а истите денови се очекува да пристигне и во Македонија.

Прашината не предизвикува здравствени проблеми и нема никакви сериозни последици.