Сагата продолжува: Откако братучед на Хазби Лика го избркал Стојанче Ангелов од кафетерија тој му порача „Овој пат се спаси“
Сагата продолжува откако претходно објавивме дека медиумите на албански јазик пишуваа дека братучед на вице-премиерот задолжен за охридскиот Договор, Хазби Лика, го избркал од кафуле во Тетово Стојанче Ангелов.
Според очевидци во едно од кафулињата во Тетово, седеше поранешниот лидер на бранителите Стојанче Ангелов, и кога братучедот на Хазби Лика го видел го избркал Стојанче кафетеријата!
Порталите на албански јазик пишуваат дека пред да ја објават веста, контактирале со човекот кој го избркал Ангелов и дека истиот ја потврдил нивната информација.
Но, се уште не се знае и не се кажува вистинската причина за оваа случка.
По ова Ангелов на својот Фејсбук профил објави дека станува збор за лажна вест:
- Освен келнерот од кого порачавме кафе и кон ни донесе кафе, никој друг ниту ми пријде ниту ми проговори. Сведоци се келнерот, двајцата мои пријатели кои беа со мене од кои едниот е Албанец и уште неколку лица кои беа внатре во локалот. Доста ширите омраза, треба да живееме заедно во мир. Поздрав до сите вас, напиша тој.
А веднаш потоа следуваше коментар од Лика во кој го директно му порача:
- Овој пат се спаси, те очекувам да доаѓаш пак и ќе видиме како лажам тогаш.
По ова уште еднаш Стојанче го запраша Лика дали тој го избркал од локалот, а тој му рече дека Да, тој го избркал од локалот.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри