Македонија
28. October 2015 - 8:10

Саем за вработување во Радовиш

 

Во Радовиш денеска ќе се одржи саем за вработување во организација на Агенцијата за вработување.

Саемот е можност невработените лица да се информираат за понудата на пазарот на трудот, а работодавачите преку понудата за слободни работни места да добијат квалитетен кадар.

Саемот ќе се одржи во спортската сала „25 Мај“, а на него ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски и градоначалникот на Радовиш, Сашко Николов.