Саем за деца во Скопје Сити Мол
Претстојниот викенд во Скопје City Mall ќе се одржи 7-от Саем за деца. Сите посетители од 17:00 часот во петок, па се до 20:00 часот во недела ќе имаат шанса да креираат и да научат многу нови работи преку креативните работилници и интерактивните игри.
Годинава новитет се креативните работилници и школата за уметничко цртање со уметникот Љупчо Бојаров, дружењето со рептили заедно со Војо, настапите на Златно Славејче, интерактивните игри за деца доктори, забавните турнири соLEGO коцки и консолите PS4.
Воедно, децата ќе имаат можност да научат нешто повеќе за традиционалните македонски занаети преку креативни работилници каде ќе се декорираат колачиња, ќе се изработува накит со разни техники, плетење и везење во соработка со Занаетчиската комора на град Скопје.
На музичката сцена, најмалите со своите родители ќе можат да уживаат во песните на популарните Златни славејчиња. Популарниот меѓународен проект од едукативен карактер Мече Болница, кој минатиот Саем за деца беше вистински хит повторно ќе може да се погледне од петок до недела во Скопје Сити Мол.
Овој проект е создаден од студенти по медицина, а целна група се децата, особено оние од предучилишна возраст. Секое дете има можност, својата кукла – мече, да ја однесе во импровизирани медицински оддели (амбуланта, хирургија, лабораторија и аптека), каде се извршуваат лекарски прегледи и медицински зафати.
Посетителите, освен огромната забава, наградните игри и изненадувањата, ќе имаат можност да ги искористат големите попусти за време на 7. Саем за деца и родители во продавниците за детска облека, производи и играчки.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост