Свет
14. August 2020 - 8:59

САД запленија милиони долари од налози што ги користеле екстремистите

Министерството за правда на САД соопшти дека се запленети милиони долари од криптовалутните налози во странство што екстремистичките организации, помеѓу кои и Ал Каеда и Исламска држава ги користеле за финансирање на насилни операции.

Екстремистичките групи ги користеле налозите за донации, а некои од нив и мамеле дека продаваат заштитна опрема за Ковид-19.

Тоа е најголема операција за заплена на средства во облик на дигитална валута поврзана со тероризмот.
Криптовалутите, како биткоинот, често се користат за недозволени трансакции бидејќи се верува дека потешко им се влегува во трага.