Свет
23. February 2017 - 23:51

САД за протерувањето на имигрантите ќе потрошат над 400 милијарди долари

САД би можеле да потрошат повеќе од 400 милијарди долари на акцијата протерување на околу 11 милиони илегални имигранти, објави „Њузвик“.

Весникот наведува дека почетната цена на изградба на ѕидот на границата со Мексико е проценета на 21 милијарди долари, а сумата ќе биде повеќекратно зголемена кога ќе се додадат трошоците за персоналот неопходен за акцијата за протерување на илегалните имигранти.

„Њузвик“ истакнува дека уште 15.000 луѓе ќе бидат вработени во имиграциската служба и граничните патроли.

Експертите проценуваат дека акцијата на Трамп вкупно ќе ги чини САД од 400 до 600 милијарди долари.