САД воведоа нови санкции против Северна Кореја
САД воведоа нови санкции против Северна Кореја по претходна наредба на претседателот Барак Обама, соопшти Белата куќа.
Казнените мерки се преземени како одговор на нуклеарната проба, извршена од Северна Кореја на 6 јануари и истрелувањето на балистичката ракета од изолираната комунистичка земја на 7 февруари.
- Санкциите се во согласност со нашите неодамнешни заложби да извршиме траен притисок врз севернокорејскит режим, изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.
Тој нагласи дека САД и меѓународната заедница нема да ги прифатат незаконските нуклеарни и балистички активности на Северна Кореја и ќе продолжат да ја принудуваат да ја плаќа цената, се додека не почне да ги исполнува своите меѓународни должности.
Согласно новите санкции САД го замразнаа имотот и инвестициите на режимот на Северна Кореја и владејачката Корејска работничка партија под нивна јурисдикција, јави ТАСС. САД воведоа и забрана за склучување одредени зделки од Северна Кореја.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина