Свет
20. February 2017 - 17:58

САД: Во Мосул се уште има околу 2.000 припадници на ИД

Во западниот дел на Мосул има уште околу 2.000 џихадисти, кои го бранат последниот голем бастион на Исламска држава во Ирак и покрај офанзивата на ирачките сили, изјави денеска неименуван претставник на разузнавањето на САД.

Тој за време на посетата на американскиот секретар на САД, Џејмс Матис на Багдад истакна дека пред 17 октомври минатата година, кога полна офанзивата за ослободување на Мосул, според разузнавачки информации, во градот имало од 5.000 до 7.000 џихадисти. Меѓународната коалиција предводена од САД тврди дека во офанзивата ИД претрпела големи загуби, но не наведува точна бројка на загинати џихадисти.

Десетици илјади припадници на ирачката армија, со поддршка од воздух од силите на коалицијата, учествуваат во битката за Мосул.