Свет
8. December 2015 - 8:46

САД: Во Либија убиен еден од лидерите на Исламска држава

САД потврдија дека во американските воздушни напади минатиот месец, е убиен еден од лидерите на Исламска држава во Либија, познат како Абу Набил.

Како што е соопштено, нападот е извршен на 13 ноември во источниот либиски град Дерна.

Портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис потврди и дека еден од лидерите на групата „Ал Шабаб“, поврзана со Ал каеда, е убиен во американски напад во Сомалија на 2 декември.

Дејвис рече дека во прашање е Абдирахман Сандере, познат како „Укаш“. Тој додаде дека тој воздушен напад задал значителен удар на „Ал Шабаб“.