Loading Video...
Свет
14. April 2018 - 16:11

САД, Велика Британија и Франција ја нападнаа Сирија - најголем дел од проектилите пресретнати

- Им наредив на американските воени сили да започнат прецизни напади на цели поврзани со хемиско оружје на сирискиот диктатор Башар Ал Асад порача американскиот претстедател Трамп. Кратко по изјавата на Трамп следеше американскиот воен  напад  врз Сирија . Во Операцијата  учестуваа и Велика Британија и ФРанцсија а   е одговор на неодамнешниот  хемиски напад во Дума  зад кој  стојат  провладините сили на  Асад, децидни се ТРамп, Макрон и Меј.  Цели биле две локации во Хомс и една во близина на Дамаск  каде според Пентагон  се чува или произведува забрането хемиско оружје.  103 крстосувачки ракети „ томахавк“  биле истрелани кон метите а сириската  противдоздушна одбрана соборила 71 . Жртви се избегнати бидејки Моксва навреме го предупредила Дамаск за воената акција на Западот.

- Нашиот одбранбен механизам успеа да се справи со ракетите многу ефикасно. Успеа да ги уништи поголемиот дел од ракетите. Ефектите од ракетите беа ограничени на матреална штета, но експлозиите од 3 ракети успеа да повредат 3 цивили, изјави портпаролот на сириската армија.

Ударите извршени со авиони и од бродови за сирискиот претседател се обид на Западот да ја поврати изгубената контрола и кредибилет  во конфликтот.Воената интервенција врз сирија ја поддржаа  ЕУ и НАТО  но Русија и Иран жестоко  ја искритикуваа.

Воената акција врз Сирија предводена од САД,  беше чин на агресија над една суверена држава која се соочува со тероризам. Западот започна воена акција без да ги дочека заклучоците од истрагата за нападот во Дума се наведува во писмеата реакција на Кремљ.

Сириските власти  негираат вмешаност во нападот со хемиско оружје  во Дума во кој загинаа 74 лица,  додека Западот го  тврди спротивното. Шефот на француската дипломатија најави нова воена интервенција доколку  во Сирија се повотри напад со хемиско оружје.