САД тајно испратиле во Иран авион со 400 милиони долари
Администрацијата на претседателот на САД, Барак Обама, тајно испратила во Техеран 400 милиони долари во времето кога беа ослободени четворицата заробени Американци во Иран, пишува „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Изворите тврдат дека во јануари во Иран биле транспортирани дрвени пакети со евра, швајцарски франци и банкноти во други валути, само не во долари, бидејќи тоа е забрането со закон.
Парите биле купени од централните банки на Холандија и Швајцарија.
Финансиските средства наводно биле првата рата од долгогодишниот спор за сума од 1,7 милијарди долари, во врска со договорот за купување на оружје кој со САД го склучил поранешниот ирански шах Мухамед Реза Пахлави.
Иран бараше враќање на 400 милиони долари и камата на оваа сума, која монархистичкиот режим ја уплатил во специјалниот фонд на Пентагон за да купи американски авиони-ловци.
Претседателот Обама одобрил исплата на основниот дел од спорната сума.
Според податоците на изворите, веднаш штом слетал авионот на аердромот „Мехрабад“, иранските власти ги ослободиле четворицата американски државјани.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок