САД со поддршката на Преспанскиот договор, остануваат фокусирани на регионот
Историскиот Преспански договор го отвори патот Северна Македонија да стане 30-та членка на Алијансата и да ја забрза нејзината европска интеграција. Земјата сега е на вистинското место во Европа и во НАТО. Овој Договор, како што посочи поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, кој е иден американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, докажува дека длабоко вкоренети историски конфликти може да се надминат. Во оваа смисла, посочи, САД ќе продолжат да даваат поддршка на аспирациите на сите земји од Западен Балкан со цел тие да обезбедат членство во ЕУ.
– Тоа не е поради добрината на нашите срца, но бидејќи тоа е стратешки интерес на САД да има мир, просперитет и стабилност во Европа, истакна Рикер.
Тој вели дека сите треба да замислат каква може да изгледа иднината на Западен Балкан доколку лидерите во регионот градат врз моментумот на овој историски успех и да постигнат слични компромси и помирувања.
Рикер, кој во моментот ја извршува функцијата политички советник на командантот на Европската воена команда на Воените сили на САД, се осврна на клучните предизвици на западнобалканските држави и на американската поддршка во напорите на овие земји да станат дел од Европа.
Според него, Европа денес е центар на геополитички натпревар. Москва, посочи тој, во изминатите години се обидувала насилно да ги прецрта границите во источна Европа вршејќи притисок врз соседите, спроведувајќи кампања на дезинформации и мешање против Западот.
САД и Европа, рече, мора да работат заедно за да обезбедат Западот да остане најатрактивниот модел за модерни и слободни општества.
-Во земјите што го одбраа западниот пат ние ќе продолжиме да даваме поддршка за да ги забрзаме демократските реформи со цел да можеме да ги вклучиме кон нациите на западната заедница. Нашата надеж за вашата иднина е стабилен Балкан што е во линија со нашите заеднички вредности, целосно интегриран во западните институции и отпорен на дестабилизација и штетни влијанија однадвор, рече Рикер.
Политиката што САД ја спроведува на Балканот, а со тоа и во земјава, додаде тој, се поклопува со интересите и аспирациите на земјите за членство во ЕУ и НАТО.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца