-->
-->
САД со осуда за Северна Кореја по денешното тестирање балистички ракети
-->
Индопацифичката команда на американските вооружени сили денеска објави дека тестирањето на севернокорејските ракети е „дестабилизирачко“, но сепак не претставува непосредна закана за САД и нивните сојузници.
„САД ги осудуваат тие дејствија и ја повикуваат Северна Кореја да се воздржи од какви било дополнителни дестабилизирачки дејствија“, се вели во соопштението.
Северна Кореја утрово истрела најмалку една балистичка ракета од својот источен брег. Јужнокорејските сили соопштија дека утрово е испукана ракета од реон на градот Синпо каде Северна Кореја има подморници и друга техничка опрема за тестирање балистички ракети од подморници.
Јапонски премиер Фумио Кишида изјави дека биле регистрирани две балистички ракети.
Лансирањето на севернокорејска балистичка ракета од подморница (SLBM), потврдено од јужнокорејски и јапонски претставници, уследи откако американската и јужнокорејската делегација се сретнаа во Вашингтон за да разговараат за ќорсокакот во нуклеарните преговори со Пјонгјанг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд