Свет
1. May 2020 - 20:17

САД со нов тест за корона вирусот кој може да ги открие носителите на заразата пред тие да станат инфективни

Научниците кои работат за војската на САД развиле свој нов тест за корона вирусот кој може потенцијално да ги открие носителите на заразата пред да можат тие луѓе да станат инфективни и да ја рашират смртоностана болест.

Како што велат координаторите на проектот, се надеваат дека тестовите кои се базираат на примероци од крв ќе можат да откријат присуство на корона вирус во човекот дури 24 часа откако личноста е заразна, односно пред пациентот да почне да манифестира симптоми.

Исто така треба да се напомене дека после неколку дена инфицираната личност може да го шири вирусот. Истражувачите истакнуваат дека тоа е дури четири дена пред сегашните тестови да ја детектират заразата.

Овој тест е развиен под закрила на агенција на Министертсвото за одбрана на САД за развој на воената технологија (DARPA) и настанал во рамките на правење на претходни дијагнози во случаи на хемиска војна или епидемија на вируси и бактерии.

Како што наведува „Гардијан“ проектот е намерно забрзан поради пандемијата со корона вирусот, а во наредните дена би требало да се најде пред комисијата за одобрување лекови.

„Овој концепт исполнува дијагностички „процеп“ ширум светот“, кажал шефот на DARPA доктор Бред Рингејсен и додал дека доколку Комисијата за лекови го одобри овој проект, тоа ќе биде фактор кој би променил многу работи.

Тие предложиле САД да се подготвува за најлошто сценарио кое вклучува уште еден бран епидемија на есен и зима. Дури и во најлошиот случај, и понатаму ќе има смртни случаи, предвидуваат тие.