Свет
5. April 2016 - 8:43

САД со дополнителни мерки против затајувањето данок

Властите на САД презедоа дополнителни мерки во борбата против затајувањето данок од страна на американски компании. 

Министерството за финансии и даночната служба објавија нови мерки против т.н. корпоративни и даночни инверзии, кои вклучуваат користење на офшор зони.

Во таквите случаи американска компанија вообичаено купува помал странски конкурент и се пререгистрира во неговата земја. На тој начин се префрла и нејзината даночна регистрација и покрај тоа што главниот дел од раководството останува во САД. 

Според министерот за финансии Џејкоб Лу, мерките треба да создадат шеми, кои ќе бидат неповолни за компаниите од економска гледна точка, со што ќе може да биде забавено темпото на инверзии.

- Тие сепак можат да бидат спречени со законите, кои треба да бидат усвоени во Конгресот, додаде тој.

Претседателот Барак Обама ја поздрави одлуката на Министерството за финансии и го повика Конгресот да ги преточи тие решенија во пракса.