Свет
25. November 2015 - 8:50

САД сметаат дека уривањето на рускиот авион се случило во сирискиот воздушен простор

САД сметаат дека рускиот борбен авион, кој го урна Турција, се наоѓал во воздушниот простор на Сирија по кратко навлегување во турскиот воздушен простор, изјави американски функционер, кој побарал да остане анонимен.

Како што пренесува БТА, според високиот функционер, ова мислење се заснова на топлинската трага на борбениот авион.