Свет
16. May 2017 - 10:26

САД: Сирија уништува тела за да ги прикрие масовните убиства

САД ја обвинија Владата на Сирија за убиство на илјадници уапсени политички неистомисленици, нагласувајќи дека владините сили ги спалуваат нивните теле во крематориум, со цел да ги прикријат доказите за масовните ликвидации. 

Во најновото обвинување, Стејт департментот наведува дека „се верува“ оти владините сили секојдневно бесат по околу 50 затвореници во воениот затвор во Сајданаја, а потоа нивните тела го спалуваат во крематориум со цел да го „прикријат обемот на масовните убиства“. 

Изнесувајќи ги овои обвинувања американскиот дипломат задолжен за Блискиот Исток,  Стјуарт Џонс оцени дека Владата на сирискиот претседатеч Башар ал Асад демонстрирала „ново ниво на изопаченост“. 

Стејт департметнт објави и сателитски снимки на кои е прикажана зграда во затворскиот комплекс, за која се тврди дека е претворена во крематориум. 

Во образложението се наведува дека фотографиите не докажуваат оти тоа е крематориум, но укажуваат на „конструкција што е соодветна за таква употреба“. 

Сирискиот центар за миниторинг на човековите права и опозициските активисти често инфромираат за масовни убиства во сириските затвори, меѓутоа досега не изнесоа твредења за постоење на крематориум. 

Наводите за масовни убиства се појавија во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп ги разгледува опциите за Сирија, а овие информации можат да влијаат на неговата Администрација да преземе мерки како одговор на овие обвинувања за злосторства.