Свет
13. April 2018 - 8:36

САД се уште без конечна одлука за Сирија

Состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговиот тим за национална безбедност, по повод ситуацијата во Сирија синоќа заврши без конечна одлука за евентуален воен напад.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека на состанокот „не е донесена конечна одлука“.

- Продолжуваме да ги проценуваме разузнавачките информации и ангажирани сме во разговорите со нашите партнери и сојузници, посочи Сандерс.