САД се против истрагата на Судот во Хаг за злосторства над Палестинците
САД се жестоко против истрагата на Меѓународниот кривичен суд за наводните злосторства извршени на палестинските територии, изјави синоќа портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
Тој додаде дека администрацијата на претседателот Џо Бајден сепак ги преиспитува санкциите воведени за време на мандатот на Доналд Трамп, против обвинителката Фату Бенсуде и други претставници на меѓународната јурисдикција.
Обвинителката Бенсуде вчера соопшти дека покренала истрага за наводните злосторства извршени на палестинските територии. Таа истакна дека истрагата ќе се води „независно, непристрасно и објективно“.
Бенсуде уште во 2019 година изјави дека постои „разумна основа“ за да се покрене истрага за воените злосторства извршени за време на израелските воени акции во Појасот Газа и при ширењето на еврејските населби на окупираниот Западен Брег.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера одуката на Бенсуде за покренување на истрага ја оцени како „лицимерие и антисемитизам“.
Ново на Сител
-
Од петок повторно дожд, но потопло
-
Малолетници и странски државјани ноќеска приведени во полициски час
-
Заев: Финансиска поддршка од 9,9 милиони евра за 6.000 угостители со 17.000 вработени
-
Уставениот суд поведе постапка за членот 163, став 3 од Законот за банки
-
МВР со детали за инцидентот во Велес: 12-годишното девојче истепало две врснички
-
Сите дерматолошки и естетски процедури на едно место - Центар за перфекција на „Аџибадем Систина“
-
Филипче: Се намалува бројот на позитивни што значи дека мерките даваат резултати
-
Ленард ќе пропушти најмалку уште една недела поради повреда на стапалото