Loading Video...
Свет
2. August 2019 - 20:50

САД се повлекоа од нуклеарниот договор со Русија

САД и официјално се повлекоа од нуклеарниот договор со Русија. Вашингтон најави дека во наредните недели ќе тестираат нов проектил, што инаку беше забранет во последните 32 години.

Станува збор за договор од  1987 година кој го потпишаа тогашните лидери на САД и Советски Сојуз, Роналд Реган и Михаил Горбачов. Со оваа спогодба  се забрануваше развивањето на проектили со домет меѓу 500 и 5.500 километри.

И руското министерство за одбрана исто така утврди дека договорот и формално е мртов и многумина стравуваат дека ова ќе означи старт на нова трка во вооружување.