Свет
18. April 2021 - 20:06

САД: Русија ќе се соочи со последици доколку Навални умре

Лидерот на опозицијата Навални беше уапсен во јануари на враќање во Русија по повеќемесечно лекување во Германија.

– Во однос на специфичните мерки што би ги презеле, разгледуваме разни опции што би ги наметнале. Јас нема да ги објавам јавно во оваа фаза, но соопштуваме дека ќе има последици доколку г. Навални умре“, изјави Саливан за Си-Ен-Ен.

На 31 март, Алексеј Навални, кој издржува казна во казнената колонија во Покров, стапи во штрајк со глад барајќи соодветен медицински третман за болки во грбот и трнење на нозете и рацете.

Според лекарите, тој ризикува срцев удар, бидејќи неговото здравје брзо се влошува.

Претходно, Навални соопшти дека управата во затворот се заканува дека ќе го нахрани насилно доколку не престане со штрајкот со глад, бидејќи неговото здравје сериозно се влошува.

Администрацијата во затворот соопшти дека му обезбедува соодветно лекување, но тој одбил и инсистирал да го лекува лекар по негов избор, надвор од затворскиот персонал – што било одбиено.