Свет
14. October 2015 - 21:09

САД: Русија, Иран и Саудиска Арабија не ги почитуваат верските слободи

Неколку држави во светот, меѓу кои и Русија, Иран и Саудиска Арабија не ги почитуваат моралните правила во врска со слободното изразување на верата, се оценува во најновиот извештај на американскиот Стејт департмент за верските слобофи во светот. 

- За жал, на страниците на овој извештај се наведени податоци за непочитување на правата на верски малцинства во Мјанмар, Иран, Пакистан, Русија, Саудиска Арабија и други земји, изјави американскиот државен секретар Џон Кери на презентацијата на извештајот. 

Како што јавија руските медиуми, во делот за Русија се посочува дека земјата ги признава традиционалните религии - христијанството, исламот, јудеизмот и будизмот, но при тоа ја фаворизра „посебната улога на Руската православна црква, на која и се дадени првилегии, какави што нема ниту една друга религиозна група“.