САД: Русија е подготвена да изврши напади во Сирија
Русија распоредила 28 воени авиони во Сирија, соопштија високи американски претставници, што, според експертите, претсавува потврда дека Москва веќе е подготвена да изврши напади во оваа земја.
- Дваесет и осум руски авиони-ловци и десантни авиони се распоредени на аеродром во провинцијата Латакија, во западниот дел на Сирија, која е упориште на сирискиот претседател Башар ал Асад, изјави еден од изворите.
Друг американски претставник ја потврди информацијата за стационирањето на 28 воени авиони, додавајќи, исто така, дека Русија користи и беспилотни летала над Сирија, без да соопшти повеќе детали.
- Со овие авиони Русите можат да извршат напади длабоко на територијата на Сирија, достигнувајќи дури и реони под контрола Исламската држава (ИД), истакна аналитичарот Џефри Вајт од вашингтонскиот Институт за блискоисточна политика.
Аналитичарот Џереми Шапиро од институтот „Брукингс“, пак, нагласи дека очекува напади врз ИД, но, според него, тоа нема да биде од суштинско значење на воен план.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право