САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина
Соединетите Држави се разочарни што не е постигнат напредок во новата рунда дијалог помеѓу Белград и Приштина за нормализација на односите која се одржа вчера во Брисел.
- Времето истекува, САД сакаат да видат напредок. Очекуваме двете земји сериозно да ги сфатат своите обврски од договорот за патот кон нормализација што го постигнаа претходно оваа година, вели портпаролот на Стејт Департмент во изјава за Радио Слободна Европа.
Шефот на европската дипломатија кој посредуваше во вчерашните преговори изјави дека косовскиот премиер го отфрлил компромисниот предлог на Брисел, а претседателот на Србија го прифатил. Според Борел, предлогот подразбира справувањето со политичките аспекти на нормализација на односите и процесот на формирање на Заедницата на српски општини се одвива паралелно.
Бројот на загинати во разорните поплави во либискиот град Дерна надмина 11.300. Најголемиот дел од жртвите настрадале кога двете брани не успеа да го издржат притисокот поради обилните дождови, по што надојдената вода однесе цели населби. Спасувачките тимпови продолжуваат со потрагата по прежиевани. Илјадници се уште се водат како исчезнати. Заменик градоначалникот на Дерна призна дека браните изградени во 70 тите, не биле оддржувани од 2002 година, иако имало издвоени средства за оваа намена. ОН посочија дека црниот биланс би бил значително помал доколку жителите биле навреме предупредени и се случеше евакуација. Предупредија и дека загадената вода е следната закана за луѓето погодени од катастрофата.
Американското федерално обвинителство поднесе обвинение против Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џозеф Бајден. Обвинет е за незаконско поседување пиштол и лажење при изјавата за да го набави оружјето. Судските документи покажуваат дека тој купил пиштол во Делавер во октомври 2018 година, а во формуларот пополнил дека не бил зависник од дрога. Хантер претходно во тој период призна дека се борел со зависност од кокаин. Ова е прв пат дете на актуелен американски претседател да биде кривично гонето.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар