САД: Прво промена на Уставот, па трансфомација на Косовските безбедносни сили
Американскиот амбасадор во Приштина Грег Делави изјави дека САД ја поддржуваат трансформацијата на Косовските безбедносни сили во Вооружени сили на Косово.
Меѓутоа, како што истакна, тоа би требало да се спроведе по пат на измени на косовскиот Устав и со учество на сите заедници кои живеат на Косово.
Како што јави приштинскиот весник „Зери“, ваквата изјава Делави ја даде на средбата со новиот министер за Косовските безбедносни сили, Рустем Бериша.
Американскиот амбасадор во Приштина и претходно изјави дека ставот на САД е оти трансформацијата на Косовските безбедносни сили во Вооружени сили на Косово треба да се спроведе измена на Уставот, истакнувајќи дека тоа е важно, бидејќи обезбедува сите заедници да учествуваат во многу важниот процес на носење одлуки.
Ново на Сител
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи