Свет
7. January 2016 - 11:10

САД: Првичните анализи не докажуваат тврдење на Пјонгјанг дека бил извршен нуклеарен тест

Првичните анализи не докажуваат тврдења на Северна Кореја дека успешно е тестирана хидрогенска бомба, соопшти Белата куќа.

Во соопштение се наведува дека САД продолжуваат да собираат информации за наводното тестирање. Секакво нуклеарно тестирање претставува флагрантно кршење на резолуции на Советот за безбедност на ОН, наведува Белата куќа.

СБ на ОН разгледува дополнителни санкции спрема Пјонгјанг поради неочекуваната нуклеарна проба која генералниот секретар на ОН ја нарече „исклучително вознемирувачка“ и “дестабилизирачка за регионалната безбедност“.