Свет
30. March 2017 - 13:56

САД предупредуваат: Русија е „активно вклучена“ во претседателските избори во Франција

Ричард Бур, шеф на комисијата за разузунување во американскиот Сенат, предупредува на мешањето на Москва во француската изборна кампања, јаваува дописникот на МИА од Париз.

Ричард Бур е задолжен за водењето на истрагата за мешањето на Русија во американските претседателски избори,

- Јас мислам дека е разумно да се каже, по она што целиот свет го оцени, дека русите се активно вклучени во француските избори, изјави тој.

- Ние сметаме дека е наша одговорност да комуницираме со остатокот од светот за она што се случува, бидејќи се соочуваме сега со клевета на кандидатите, додаде Бур.

Комисијата со која тој раководи е надлежна да утврди дали Русија играла улога во американските избори во полза на Доналд Трамп. Таа исто така тврди дека може да се гарантира постоење на „тајни операции“ водени во 2016 година во САД. Таа исто ата е на мислење дека постоеле обиди и за време на изборите во Холандија, пред две недели и во Црна Гора во август.

Рускиот претседател Владимир Путин, на 24 март во Москва ја прими кандидатката на крајно десничарскиот Национален Фронт, Марин Ле Пен. Во таа прилика тој ги отфрли обвинувањата за меѓење на Русија во францѕските избори, објаснувајќи дека сака да комуницира со претставниците на сите политички сили на Франција.

Неколку француски претседатлски канидати имаат поволен став кон Москва, а тоа се Марин Ле Пен, Франсоа Фијон и Жан-Лук Меланшон, кои се разликуваат од актуелната официјална политика на Франција и Западот.