Свет
12. April 2017 - 13:26

САД повикуваат Унгарија да го преиспита новиот закон за универзитетите

Вашингтон ги повикаа унгарските власти да го преиспитаат новиот Закон за универзитети, што, според САД, е закана за работата на Универзитетот на Централна Европа во Будимпешта, основан од американскиот финансиер Џорџ Сорос, пренесува БТА.

„Ја повикуваме Владата на Унгарија да го преиспита спроведувањето на законот“, стои во соопштение на Стејт Департаментот.

Унгарскиот претседател Јанош Адер го потпиша законот во понеделникот, и покрај протестите против него во унгарската престолнина и негодувањата од меѓународната заедница.

За денеска се најавени нови демонстрации.