Свет
3. January 2021 - 9:28

САД: Повеќе од 350.000 починати од Ковид-19

Во САД досега од коронавирус починале повеќе од 350.000 луѓе, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс. Во изминатите 24 часа во САД се потврдени 2.398 нови смртни случаи од коронавирус, со што вкупниот број достигна 350.186 починати лица.

САД се први во светот по бројот на починати од Ковид-19, како и по бројот на заразени лица, кои се над 20 милиони од почетокот на пандемијата.