Македонија
1. November 2016 - 17:20

САД остануваат главен поддржувач на Македонија на патот кон НАТО

Соединетите Американски Држави остануваат главен партнер на Македонија на патот кон Европската унија и НАТО. Командантот на копнените сили на САД во Европа Бен Хоџис, по средбата со началникот на ГШ на АРМ Методија Величковски изјави дека стратегиското партнерство во одбраната ќе значи продлабочување на врските меѓу Македонија и САД.

Првиот човек на генералштабот изјави дека на состанокот се разговарало за заедничките вежби и мировни мисии меѓу земјите кои досега се покажале како исклучително позитивни.

Хоџис кој е во дводневна посета на Македонија се сретна и со министерот Јолевски, кој на средбата посочил дека ќе продолжи трендот на унапредување на интероперабилноста на АРМ со армиите на земјите членки на НАТО.