Свет
30. јуни 2016 - 9:00

САД обезбедија 2,7 милијарди долари кредит за Ирак

САД обезбедија за Ирак кредит од 2,7 милијарди долари за купување муниција и за поддршка на ВВС и воена техника што се користи во војната против џихадистите од ИД, соопшти американската Амабсада во Бејрут.

Заемот ќе се исплати за 8,5 години со камата од 6,45 отсто и со една година грејс период.

Ирачката Влада имаше потреба за таков кредит заради намалените приходи од нафта предизвикани од ниските цени. Нафтата е најголемиот извор на приходи во државниот буџет, наведуваат западни медиуми.