Свет
19. November 2015 - 8:54

САД нудат пет милиони долари награда за клучен човек на ИД

САД понудија награда од пет милиони долари за информација со која би се лоцирал или идентификувал лидерот во Исламска држава Абу Мухамед ал Шимали.

Стејт департментот тврди дека Ал Шимали овозможувал патувања на потенцијални борци за ИД од Австралија, Европа и Блискиот исток до Турција и до Сирија. САД на тој потег се долучиле следејќи траги на групата по терористичките напади од 13 ноември во Париз кога беа убиени 129 луѓе.

Шимали се смета дека има врски со ИД и Ал Каеда во Ирак од 2005 година.

– Тој е клучен човек на Исламска држава за миграција и логистика, наведува Стејт департментот додавајќи дека тој е одговорен и за регрутирање странски борци.