САД: Немаме свој кандидат за претседател на Косово
Официјален Вашингтон соопшти дека нема свој фаворит кого го поддржува при изборот на претседател на Косово, јави дописникот на МИА.
Ова за приштинска „Коха диторе“ го изјавил портпаролот на Амбасадата на САД во Приштина, Филип Друри, коментирајќи го тврдењето на косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Хашим Тачи дека САД го подржува неговиот избор на претседател на Косово.
Тачи изјави дека „САД знаат кои се кандидатите за претседател“, алудирајќи дека тој како единствен официјален кандидат досега, врз основа на договорот за формирање на Владата меѓу неговата Демократската партија на Косово и Демократскиот сојуз на Косово на премиерот Иса Мустафа, има американска подршка.
- САД ги подржуваат демократските инситуции на Косово, вклучувајќи го и процесот за избор на претседател. САД не подржуваат ниту еден кандидат за претседател или за која било друга функција, изјави Друри за „Коха диторе“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација