Свет
11. August 2016 - 13:34

САД немаат потврда за украински напад на Крим

САД немаат потврда за руските тврдења за украински напад на Крим, изјави денеска американскиот амбасадор во Украина, Џефи Пајат.

Тој истакна дека санкциите поради руската анексија на Крим ќе останат во сила се додека оваа територија не и биде вратена на Украина.

- Русија често пати лажно ја обвинува Украина, со цел да го сврти вниманието од некои сопствени илегални акции, напишал Пајат на Твитер.

Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека спречила терористички напад на Крим, кој според неа, го организирала разузнавачката агенција на украинското Министерство за одбрана.

Украинскиот претседател Петро Порошенко ги отфрли тврдењата на Москва како „цинични и неразумни“.

Украина инсистира на одржување состанок на Советот за безбедност на ОН доколку и понатаму се зголемуваат тензиите предизвикани од обвинувањата на Русија дека Киев организирал напади на Крим.