Свет
12. January 2016 - 8:58

САД нема да распоредат нуклеарно оружје во Јужна Кореја

Вашингтон и Сеул не разгледуваат можност за повторно распоредување нуклеарно оружје на тло на Јужна Кореја како одговор на севернокорејската атомска проба. Сепак, тие разговараат за испраќање во регионот на елементи на „стратешко вооружување“, изјави за западни медиуми американски официјален извор.

Тој прецизира дека тоа би значело испраќање во регионот на бомбардери кои може да носат нуклеарно оружје, а не распоредување атомско оружје во Јужна Кореја од каде е повлечено пред речиси 25 години.

- Враќањето на нуклеарното оружје само би го охрабрило севернокорејското раководство да биде поодлучно да продолжи со развојни капацитети на оружје за масовно уништување и тоа би им дало добар изговор за тоа, наведува тој.