САД: Наредена евакуација откако ураганот Ирма достигна петта категорија
Ураганот Ирма, кој се движи кон североисточни Кариби и јужниот брег на САД, прерасна во петта категорија, по што почна евакуација на населението од некои острови.
Властите предупредуваат дека Ирма може да донесе поројни дождови, да предизвика одрони и поплави, со бранови високи до седум метри.
Силината на ветерот, на одредени острови, достигна до 280 километри на час.
Гувернерот на Порторико Рикардо Росело предупреди дека сите одлуки кои ќе бидат донесени во следните неколку часа ќе бидат пресудни, истакнувајќи дека тоа е „прашање на живот или смрт“.
Вонредна состојба е прогласена во Порторико, на Американските Девствени Острови и во цела Флорида.
Во последната седмица, ова е втор ураган на територијата на САД.
Ирма, која претходно денеска разви брзина на ветерот од 215 километри на час, претставува закана и за американскиот источен брег и Флорида, каде синоќа беше прогласена вонредна состојба по најавите дека ураганот се очекува да стаса за два дена.
Во Порторико, каде исто така е прогласена вонредна состојба, затворени се училиштата, а гувернерот соопшти дека ќе бидат отворени засолништа, во кои ќе можат да бидат прифатени до 62.000 лица.
Во состојба на подготвеност се Националната гарда, како и носачи на авиони, кои можат да учествуваат во спасување. Метеоролозите предупредуваат дека и доколку се избегне директен удар на ураганот, поројните дождови можат да предизвикаат сериозни штети.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка