САД: Најмалку седум жртви во верижен судар на 158 возила
Најмалку седум лица загинаа денеска во верижен судар на 158 возила во услови на густа магла на автопат во американската сојузна држава Луизијана.
Уште најмалку 25 лица се повредени, од кои некои потешко во несреќата што се случи западно од најголемиот град во Луизијана, Њу Орлеанс, соопшти државната полиција. Можно е бројот на жртви да се зголеми.
Дел од местото на несреќата на US Interstate 55 беше зафатен од пламен откако се запали цистерна натоварена со опасна течност.
Метеоролозите соопштија дека „супер маглата“ утрово сериозно ја нарушила видливоста меѓу парохиите Рудок и Манчак во моментот на сударот, јави Си-Ен-Ен.
„Неверојатно густата магла“ е предизвикана од комбинација на магла и чад од пожарите во близина, според Националната метеоролошка служба (NWS). „Супер маглата“ е особено густа магла која се развива во влажни, зачадени услови и може да предизвика пад на видливоста на помалку од три метри, соопшти NWS.
Ново на Сител
-
Автопат кај Виена целосно под вода
-
МНР: Законот за надворешни работи ќе се менува по редовна постапка во Собранието
-
Таравари: Наскоро еден директор на цел Клинички центар и спојување на неколку болници со здравствени домови
-
Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници
-
Мицкоски: Акцијата за даночно затајување е една од низата што ќе следуваат
-
Нова промена на цените на горивата од полноќ
-
Радев се правда: Сиљановска не беше ниту во државна ниту во работна посета
-
Муцунски нема да го прими Радуков на разговор во МНР