Свет
27. јуни 2022 - 10:58

САД најавија нови санкции насочени кон руската одбранбена индустрија

САД воведуваат санкции за државните руски претпријатија насочени кон одбраната, со цел „да ја ограничат способноста на Русија да ја замени воената опрема што веќе ја изгуби за време на бруталната војна против Украина”, изјави висок претставник на Белата куќа, јави ДПА.

Говорејќи на маргините на самитот на Г7 во јужна Германија, официјален претставник рече дека Вашингтон ќе воведе повисока царина за повеќе од 570 групи руски производи во вредност од приближно 2,3 милијарди долари.

„Лидерите на Г7 ќе ги усогласат и прошират насочените санкции за дополнително да го ограничат пристапот на Русија” до западната технологија што може да ја поддржи руската индустрија за оружје, соопшти претставникот на Белата куќа.

Американскиот претседател Џо Бајден и неговите колеги лидери на Г7 ќе побараат овластување да ги стават сите приходи од царините на руските стоки кон украинските воени напори, рече тој.