Балкан
17. April 2018 - 10:32

САД му забранија влез на албански пратеник поради сомневања за корупција

Стејт депарментот му забрани на албански пратеник влез на американска територија поради наводна вмешаност во корупција од големи размери.

На Том Доши, пратеник на албанската Социјалдемократска партија му е забранет влез во САД, како и на неговата сорпуга и деца. Доши изјави дека не направил ништо незаконски и напомена дека неговата сопруга и деца имаат австралиско државјанство.

Од февруари и на поранешниот албански јавен обвинител Адриатик Лали и на неговото семејство им е забранет влез во САД.