Свет
15. November 2018 - 14:29

САД купуваат ловци „Ф-35“ за 22 милијарди долари

САД од фирмата „Локид Мартин“ купуваат 225 авиони ловци „Ф-35“, со вкупна цена од 22,7 милијарди долари, соопшти американското Министерство за одбрана.

Од тоа, 105 се борбени авиони наменети за американската војска – 64 авиони од типот „Ф-35А“ за воздухопловните сили, а 26 авиони од типот „Ф-35Б“ и 16 од типот „Ф-35 Ц“ за морнарицата.

Американското Министерство за одбрана сооопшти дека преостанатите 89 авиони се наменети за независни купувачи надвор од надлежностите на Министерството и 60 се за странски војски.

„Локин Мартин“, компанијата која е голем снабдувач на Пентагон, ќе добие аванс од шест милијарди долари, а рокот за испорака е март 2023 година.