Loading Video...
Свет
9. August 2018 - 22:48

САД ќе воведат санкции портив Русија поради случајот Скрипаљ

Соединетите држави  ќе  воведат нови економски  санкции против Русија  овојпат  поради нападот со нервниот гас новичок врз поранешниот руски агнет Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка   Јулија во Велика Британија.  Стејт  Депратментот не објави на што ќе се однесуваат санкциите туку само дека ќе стапат во  сила на 22 август.  Кремљ   демантира дека  е вмешан  во случајот Скрипаљ и порача дека Соединеите држави само бараат изговори за да воведуваат санкции  против Русија.