Свет
14. October 2015 - 20:22

САД ќе распоредат околу 300 војници во Камерун

САД ќе распоредат околу 300 војници во Камерун како дел од борбата против исламистичката група од соседна Нигерија, Боко харам.

Претседателот Барак Обама го известил Конгресот за законските рамки за испраќање војници во Камерун.

Екипа на американски војници веќе пристигнала во Камерун.

Контингентот на САД ќе извршува разузнавачки операции, вклучително и од воздух.