САД ќе платат над 2.200 долари за секој авганистански бегалец
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и приватни компании имаат намера да им платат на евакуираните Авганистанци по 2.275 долари финансиска помош при преселувањето, објави Блумберг, повикувајќи се на службеник во Стејт департментот.
Според него, програмата за финансиска поддршка, која ќе започне во наредните месеци, ќе има за цел да им помогне на Авганистанците да најдат живеалиште, да купат храна и да ги испратат своите деца на училиште.
Покрај тоа, Стејт департментот се консултира со американскиот Конгрес за воведување бенефиции за бегалците, вклучително и здравствено осигурување.
Според американската администрација, од крајот на јули околу 123.000 луѓе се евакуирани од исламската република, од кои околу 6.000 се американски државјани.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците