Свет
27. April 2021 - 11:26

САД ќе обезбедат 310 милиони долари хуманитарна помош за Гватемала, Хондурас и Салвадор

Потпретседателот на САД, Камала Харис, на онлајн состанок со претседателот на Гватемала, Алехандро Јаматеи, објави дека САД ќе обезбедат нови 310 милиони долари хуманитарна помош и храна за Гватемала, Хондурас и Салвадор, соопшти Белата куќа.

Тие се согласија да отворат информативни центри во Гватемала за да им служат на луѓето кои бараат легална миграција и да им помогнат на оние на кои им е потребна заштита.
По разговорот, Харис пред новинарите изјави дека Вашингтон ќе ја зајакне соработката со Гватемала со цел ефикасно, сигурно и хумано решавање на миграциските проблеми, јави ДПА.

Таа нагласи за некои од причините што ги тераат луѓето од Гватемала да ја напуштат својата татковина, вклучувајќи ги неодамнешните урагани, постојаната суша и штетите предизвикани од Ковид-19. Харис наведе дека миграцијата е и поради сиромаштијата, тешките временски услови, корупцијата и насилството врз малцинствата и жените.