САД ќе му достават на Бахреин оружје во износ од над 3,8 милијарди долари
Стејт департментот одобри пакет оружје за Бахреин во вредност од 3,8 милијарди долари, кој вклучува ловци Ф-16, ракети и патролни чамци, соопшти Пентагон.
Одобрението се совпаѓа со списокот испратен од Стејт департментот до Конгресот, кој минатата година ја одложи зделката поради стравувањата за почитувањето на човековите права во малата островска монархија во Персискиот Залив.
Бахреин ќе купи од САД 19 ловци Ф-16 В, произведени од компанијата „Локхијд Мартин“ во вредност од 2,7 милијарди долари, два 35-метарски чамци, вооружени со артилерија, 221 противтенковска ракета од компанијата „Рејтин“. Одделно од ова ќе бидат модернизирани ловците Ф-16, кои веќе се наоѓаат во Бахреин за сума од 1,8 милијарди долари.
Претседателот на САД, Доналд Трамп во мај по средбата со кралот на Бахреин, Хамад бен Иса ал Халифа, која се одржа во Саудиска Арабија, изјави дека односите меѓу двете земји се подобруваат.
Ново на Сител
-
Илјадници луѓе демонстрираа во Израел за ослободување на заложниците
-
Бројот на жртви во поплавите во Јужна Кореја се искачи на 14, 12 се водат како исчезнати
-
Сончево и топло, со температура до 39 степени
-
Состојба на патиштата
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин