Балкан
25. March 2017 - 14:14

САД ќе ја разгледаат можноста за проширување на военопоморската база на НАТО на Крит

САД ќе ја разгледаат можноста за проширување на военопоморската база на НАТО во заливот Суда на грчкиот остров Крит, изјави американскиот министер за одбрана Џејмс Матис на средба со грчкиот колега Панос Камеонс. 

Матис нагласи дека базата е клучен военопоморски објект и дека се наоѓа во рацете на способна членка на НАТО во јужниот дел.

На средбата, која се одржа вчера Матис и Каменос разговарале и за миграцијата преку Средоземното Море, тероризмот и нестабилноста на Балканот во Северна Африка и на Блискиот Исток.