Loading Video...
Свет
18. May 2021 - 12:25

САД ќе испрати 80 милиони вакцини на други земји до крајот на јуни

САД ќе поделат 80 милиони вакцини на други земји до крајот на јуни.

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе донираат 60 милиони дози на АстраЗенека кои претходно беа најавени и дополнително 20 милиони дози на вакцини кои се одобрени од американскиот регулатор.

Целта е да се интензивираат напорите на САД да се справи со Ковид-19 низ целиот свет.