Свет
30. October 2015 - 19:16

САД ќе испратат воени советници во Сирија

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека користењето на американските сили без координација со Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад е неприфатливо.

Изјавата на Рјабков уследи по коментарот на американскиот секретар за одбрана Ештон Картер дека САД ја менуваат својата стратегија во Ирак и во Сирија и оти ќе спроведат еднострани копнени акции против милитантите на Исламска држава.

САД во моментот немаат војници во Сирија, но неименуван американски претставник денеска изјави оти Вашингтон во Сирија ќе испрати од 20 до 30 воени советници, од специјалните сили.

Советниците ќе бидат распоредени во северниот дел на Сирија и ќе им помагаат на умерените сириски бунтовници и Курдите во битката против Исламска држава.