САД ќе им испорачаат оружје и муниција на Курдите кои војуваат против ИД
САД одлучија да им испорачаат оружје и муниција на Курдите од Сириските демократски сили (СДФ) кои војуваат против џихадистите од т.н. Исламска држава (ИД), соопшти Пентагон.
Ваквото решение е донесено и покрај противењето на Турција, само за да им се овозможи на овие борбени сили да помогнат во протерувањето на џихадистите од нивното силно упориште Рака, во источниот дел од Сирија.
Владата во Анкара на курдските бунтовници на сирискиот фронт, гледа како на терористи и настојува да ги спречи да освојуваат нова територија.
Во соопштението на Пентагон се вели дека САД се свесни за турската загриженост со ваквата американска одлука.
Воената групација СДФ е составена од курдски и арапски милиции кои веќе беа поддржувани од елитните единици на САД и при спроведувањето на воздушните напади на анти-ИД коалицијата, предводена од Американците, против позициите на џихадистите.
Борците од СДФ сега се сконцентрирани на борбата што ја водат против ИД за контрола на градот Табка, каде е лоциран еден комуникациски центар на џихадистите, на околу 50 километри од Рака.
Опремата што САД ќе им ја достави на Курдите содржи муниција и лесно вооружување, машински пушки и пушкомитралези, но и тешко вооружување, оклопни возила, како и некои градежни машини и булдожери.
Засега не се открива кога целата оваа воена опрема ќе им биде префрлена на курдските борци, но во Вашингтон се тврди дека по завршувањето на целата операција, Американците ќе го соберат доделеното оружје.
Американски воени експерти тврдат дека курдската милиција во рамките на СДФ е од витално значење за целата операција за освојување на Рака, затоа што Пентагон на нив гледа како на најдисциплинираната и најорганизираната воена единица во Сириските демократски сили.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари